Дел од општина Центар утре без вода 

73

Корисниците од населбата Маџар Маало во општина Центар утре од 10:00 ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација “ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „Ѓуро Ѓонвиќ“ бб.

Корисиниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација “ не завршат со реконструкцијата.