Дел од жителите од Маџир Маало утре без вода

91

Дел од жителите од Маџир Маало во општина Центар утре од 8.30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на цевка со профил од 200 милиметри на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ без број. 

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.