Дел од жителите од Автокоманда денеска без вода

225

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците на високата зона во населба Автокоманда. Можно е намалување на притисокот во населба Железара. 

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради отстранување уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ во близина на ветеринарната амбуланта.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на интервенцијата.