Делови од Чучер Сандево, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Карпош утре без струја

167

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа утре без електрична енергија од 9:00 до 13:30 часот ќе останат корисниците од с. Бродец, ЈСП репетитори Бродец, манастир Света Богородица, дел од с. Љубанци, Танушевци, Брест, Малино маало, дел од с. Мирковци, Кучевиште, Побожје како и Викендици Побожје во општина Чучер Сандево.

Од РЦУК Скопје информираат дека од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од селото Бадар, општина Петровец, а од 8:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Караорман, Ганчо Хаџипанзов, Капештец и Димитар Пандилов, во општина Центар.

Три часа без струја утре, од 9:00 до 12:00, ќе бидат и корисниците од улицата Божин Николов во општина Аеродром, од 12:30 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата Лесновска во општина Карпош, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Иван Хаџиниколов бр. 5, општина Кисела Вода.