Делови од пет општини утре без струја

92

Делови од општините Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Петровец утре, во одреден период од денот, нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Како што соопшти РЦУК, без електрична енергија ќе бидат: од 8.30 до 10 часот корисниците на дел од улиците „Христо Узунов“, „Банско“, „Рилски конгрес“ и „Кратовска“ во Општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Никола Парапунов“, зграда 3 и околните објекти во Карпош, од 9 до 13 часот корисниците од селата Сушица, Ќојлија, Долно Средно и Горно Коњари, Дивле, и Живиње во Петровец, од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата „Атанас Иљоски“ во Ѓорче, од 10.30 до 13.30 часот корисниците од улицата „Водоча“ во Аеродром и од 12 до 15 часот корисниците од улицата „Мите Богоевски“ со броевите 2, 3, 5, 6 и 7 во Аеродром.