Делови од неколку скопски општини утре без струја

93

Дел од корисниците на ул. „Капиштец“ во општина Центар утре ќе немаат струја од 8 до 16 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 16 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2 и бр. 4 во општина Аеродром, а од 11 до 15 часот корисниците од дел од село Бардовци околу училиштето во општина Карпош.

Од 8.30 до 15 часот утре струја ќе немаат ни корисниците од село Долна и Горна Матка и селата Гулмово и Шишево во општина Сарај, а од 7:20 до 8 часот и корисниците од месноста Бела Земја во селата Кадино и Марино во општина Илинден.