Делови од Волково и Морани утре без струја

1226

Во периодот од 10 до 11:30 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од викендиците во село Морани, општина Студеничани.

Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „24“ во село Волково, општина Ѓорче Петров. 

Како што информира општина РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.