Делови од Бутел и Петровец утре без електрична енергија

160

Заради технички зафати во системот утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Петровец, соопштија од РЦУК.

Без електрична енергија ќе остане дел од село Горно Оризари, во општина Бутел од 9 до 11 часот и корисниците од ул. „4“ во село Долно Коњаре, општина Петровец, од 9 до 15:30 часот.