Делови од Аеродром, Центар, Карпош и Горно Соње утре без струја

97

Дел од корисниците од улицата „Тодор Чангов“ и подулиците 13, 15 и 16 во општина Аеродром утре од 8:30 до 15 часот ќе останат без струја.

Во периодот од 8:30 до 9:30 часот без стрјуа ќе бидат корисниците од улиците „1611“ и „1616“ во општина Аеродром, а од 8:30 до 15:30 часот жителите од скопското село Горно Соње. 

Без струја од 8:30 до 10:30 часот утре ќе бидат корисниците од улицата „Славка Недиќ“ бр. 12 во општина Центар, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од улиците „Варшавска“, „Виенска“, „Нобелова“ и „Хелсинки“ во општина Карпош. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради планирни инвестиции во електросистемот.