Делови од Аеродром, Карпош и други скопски села утре без струја

512

Без електрична енергија утре од 8 до 13 часот ќе останат жителите од скопското село Љубанци, летувалиштето Љубанци, млин Љубанци, мали ХПП Љубанци, дел од корисниците од село Мирковци, од викенд населбата Побожје и селата Побожје, Кучевиште, Бродец, Танушевци и Брест.

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна и Горна Матка, како и стопанските објекти Адријус Дооел, Виа Комерц и Бис Оил во општина Сарај. 

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „23 Октомври“ во општина Аеродром, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата „Волгоградска“ бр.7, 8 и 12 во општина Карпош. 

Без снабдување со струја од 9.10 до 12 часот ќе бидат корисниците од селото Коњари, додека краткотраен прекин по 30 минути ќе имаат корисниците од селата Дивље, Сушица, Чифлик и Живиње во општина Петровец.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.