Делови од Аеродром и Кисела Вода утре без струја

1561

Заради извршување потребни интервенции во електросистемот, без струја утре, во периодот од 14 до завршување на интервенцијата, ќе бидат корисниците на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром.

Од РЦУК информираат и дека без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците на бул. „Борис Трајковски“ (над Канапе Мебел), како и ул. „1520“ во општина Кисела Вода.