Делегации положија цвеќе пред Споменикот на загинатите од земјотресот

211

Домашни и странски делегации на Градските гробишта во Бутел, положија цвеќиња пред Споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи пред 55 години.

Во чест на загинатите, венец положи официјална делегација на градот, предводена од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и делегација на Советот на Скопје.
Со положување цвеќе почит на жртвите во скопскиот земјотрес од далечната 1963 година им изразија делегација од кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, делегација од кабинетот на претседателот на Собранието, делегации составени од претставници од политичките партии во Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од „Црвениот крст“ на Скопје и на Република Македонија, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од јавните претпријатија и јавни културни установи од градот, како и претставници од институции во нашава земја и граѓани.

Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од странство, меѓу кои: делегација од Соединетите Американски Држави, Република Кина, Република Франција, Кралството Холандија, Руската Федерација и делегација од Европската Унија.