Да станеме еколошки посвесни

41
Фото: Дарко Андоновски

Купиштата ѓубре зад трговскиот центар „Рамстор“ воопшто не треба да бидат дел од мозаикот на една метропола. Покрај прекрасниот трговски центар, низ кој секојдневно поминуваат голем број посетители, меѓу кои можеби и странци што дошле првпат во градов, се гледа една грда слика од премногу ѓубре. Насекаде расфрлани чашки, пластични шишиња, најлонски кесиња и секов вид амбалажа, како на депонија. Оваа грда слика не само што не треба да биде дел од мозаикот на еден развиен и современ град, туку уште полошо е што таа многу кажува за нашиот однос кон животната околина. Кажува многу за тоа колку ние се грижиме каде го фрламе отпадот и колку сме далеку од другите, кои го селектираат дури и во нивните домови. Како граѓани треба да се запрашаме како другите нѐ гледаат и што ќе мислат за нас. Нели е време да се потрудиме да ги смениме нашите лоши навики и да го депонираме отпадот таму каде што му е местото, а не по улиците, тротоарите, покрај контејнерите, станиците…