Град Скопје бара дотурот на стока да се врши по 18 часот

132

Град Скопје апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

Советот на Град Скопје на седницата одржана во март како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот во градот ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на Скопје. Со оваа одлука, трајно се забранува запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.