Градот Скопје со есенска акција за садење во општините

162

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, во соработка со градот Скопје, деновиве прават подготовки за претстојната есенска акција за садење. Во рамките на акцијата ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Градот Скопје издвои 12,5 милиони денари од буџетот за набавка на садниците.

– На предвидените локации на терен се копаат дупки, се отстранува неквалитетната земја и се заменува со плодна земја – велат од градот Скопје. Садењето на новите дрвја, предвидува тие да бидат садени по должината на градските сообраќајници, во средишните жардиниери на булеварите, во парковите, на локации каде што претходно биле исечени стари дрва, како и по дрворедите каде што треба дополнување.