Градот вторпат ќе прска против ларви од комарци

242

Градот Скопје информира дека во следниот период ќе се врши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на главниот град. Авионската дезинсекција против ларвите од комарци ќе се изврши в понеделник, во раните утриниски часови, додека терестричната дезинсекција ќе продолжи во вторник, во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Градот ги потсети и пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.