Градежен шут и отпад на брегот на Треска

200

Градежен шут, стари ќерамиди и големи бетонски блокови се само дел од отпадот што граѓаните го исфрлаат на брегот на реката Треска, во близината на местото каде што таа се влева во Вардар.

Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека исфрлањето отпад до и во реката е редовна практика. Примерот со Треска, за жал, не е единствен, а многуте случаи само уште еднаш ја потврдуваат нашата негрижа да имаме чисти реки и воопшто еколошки чиста и здрава околина.