Големи интерес за Скопје од страна на туроператорите од регионот

1818

Изминативе денови во Бања Лука, Босна и Херцеговина, се одржа меѓународна конференција за туризам и инвестиции.

Покрај многубројните учесници од повеќе земји од регионот како претставници од Македонија учествуваа Соња Митриновска-Боева –управител на „ЈСП-Турс“ и Даниел Самарџиски-раководител на одделот за туризам во „ЈСП-Турс“.

За издвојување е големиот интерес за Скопје како самостојна, но и транзитна дестинација, што го покажаа туроператорите од Словенија, БИХ и Србија. Во тој правец „ЈСП-Турс“ промовираше дел од можностите и капацитетите на Скопје, како што се Панорамскиот СИТИ-Бус и Жичницата на Водно.

На панел дискусијата „Инвестиции и примери на добра пракса“, Самарџиски имаше свое излагање во кое го потенцираше примерот со Пловдив кој преку инвестирање во инфо-тури и организирање интернационални туроператорски средби успеа да ја освои кандидатурата за главен европски град на културата за 2019 година.

Воедно, Самарџиски имаше успешна презентација како тоа искуство пренесено во Скопје веќе носи бенефит и за нашиот град преку неколку успешни проекти. Токму за овие успешни проекти беше пројавен посебен интерес од другите учесници уште на самата конференција.