Гази Баба додели субвенции за набавка на печки на пелети

82

Општина Гази Баба продолжува со доделување субвенции за набавка на печки на пелети. И оваа година општината надоместува дел од трошоците при набавка на овој тип на грејните тела во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари.

Според градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски пред присутните посочи дека со користењето на печките на пелети, а со тоа и незагадувачки материјали за греење, граѓаните директно придонесуваат за подобра животна средина.

– Според нашите истражувања, домашните ложишта кои користат загадувачки и несоодветни грејни материјали, се најголемите загадувачи на нашата околина. Токму затоа, оваа мерка општина Гази Баба и во иднина ќе ја реализира за што повеќе жители да можат да ја искористат и директно да влијаат за почиста средина, а со тоа да се подигне и свеста кај граѓаните за користење на еколошки огревни материјали – рече Георгиевски.

За овие две години, општина Гази Баба додели вкупно 100 субвенции за набавка на печки на пелети. Покрај оваа мерка, Владата ќе ги субвенционира граѓаните и за купување на инвертер клими со што дополнително ќе се придонесе до намалување на загаденоста како во град Скопје, така и во општините.