В понеделник ЈСП ќе вози по неделен возен ред

448

По повод државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, в понеделник, автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека автобусите до жичницата на Водно ќе бидат бесплатни за сите категории патници.

– Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линијата 25, од Транспортниот центар до Средно Водно, потоа 25А, од Старата железничка станица до Средно Водно, и 25Б од Дом на печат до Средно Водно. Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен, во согласност со одлуката на Советот на градот Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории патници – велат од ЈСП „Скопје“.

Од претпријатието информираат дека дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортниот центар и на зеленото пазарче, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.