В петок, без вода клиники и населени места на Водно

364

В петок, на 27 декември, осум часа без вода ќе останат жителите на населените места на Водно, Пржино, Црниче, дел од Козле (висока зона), како и резиденцијалните објекти на Владата, комплексот на МВР, Клиниката за хематологија, Клиниката за трансфузиологија и детската болница „Козле“. Прекин во водоснабдувањето ќе има во периодот од 9 до 17 часот.

Граѓаните ќе останат без вода поради интервенции од страна на вработените од ЕВН на трафостаницата лоцирана во полициската станица „Водно“, а за да се зголеми енергетската моќност на трафостаницата.