Второ прскање против комарци во Скопје

97

Град Скопје соопшти дека од претстојниот викенд ќе почне втората дезинсекција против комарци.

Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 21.07.2018 (сабота) и на 22.07.2018 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, пак, ќе почне на 22.07.2018 и ќе заврши најдоцна до 26.07.2018 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тоа ќе биде направено првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови.

Град Скопје апелира до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.