Во чест на децата, зградите и обележјата во Скопје се осветлуваат во сина боја

115

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, вечерва и утре, зградите и обележјата во Скопје ќе се осветлат во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

„Осветли во сино“ за Светскиот ден на детето е глобална иницијатива. Постојат најави дека Европскиот парламент во Брисел, Шангај кулата во Кина, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, Куќата Фрида Кало во Мексико, мостовите на Босфор во Турција и многу други познати обележја ќе светнат во сина боја во 2019 година.

Секоја година на 20 ноември, по повод потпишувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, светот го слави Денот на децата.

Заедно со Владата и во партнерство со Делегацијата на Европската унија, УНИЦЕФ во Северна Македонија организира низа активности за одбележување на 30-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето.