Во центарот на Скопје утре посебен сообраќаен режим поради „Прв до врв“

1393

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје поради утрешното шестто издание на  спортско рекреативна трка „Прв до врв“.

Во периодот од 9:40 до 12:45 часот ќе се одржи шестото издание на спортско рекреативна трка „Прв до врв“ организирана од страна на Здружение за спорт и рекреација.

Спортско рекреативната трка „Прв до врв“ се состои од планинарска и велосипедска трка. Велосипедската трка ќе се организира на потегот од пред Музеј на град Скопје – булевар „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).