Во Скопје во текот на викендот јавен превоз во две смени

125

Јавниот превоз во Скопје во текот на викендот ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени.

Автобусите ќе сообраќаат од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, информираат од ЈСП.

Повеќе информации за редоследот на линиите, граѓаните може да добијат на интернет-страницата на ЈСП.

Во сабота отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Во недела, од 7.30 до 13 часот ќе работат само билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров и центарот за персонализација кај скопската железничка станица (Транспортен центар).