Во полициска акција казнети 40 возачи на мотори

392

Во петчасовна вечерна полициска акција се казнети 40 возачи на мотори, а задржани 13 мотори. Секторот за внатрешни работи – Скопје во четвртокот, во периодот во периодот од 19.30 до 1 часот ноќта, реализира акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

– При контролата се откриени 40 возачи на мотоцикли што сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози. Покрај тоа, поради основи на сомнение за техничка неисправност и создавање бучава, се одземени и задржани 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Исто така, откриени се и 43 други прекршоци, за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози -информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од 1 јануари 2019 до 31 август 2019 на територијата на Скопје се санкционирани вкупно 1.111 мотоциклисти.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат со зајакнати акциски контроли за да се санкционираат прекршителите на законите.