Во недела изменет режим на сообраќајот на улица „Даме Груев“

333

Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје во недела ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“.

Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата че се пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.