Во Карпош се дезинфицираат улици и фреквентни локации

139

Екипи на Општина Карпош со четири цистерни активно работат на миење и дезинфекција на улици и фреквентни локации. Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.
Од општината велат дека се мијат и дезинфицираат улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани и Тафталиџе, кај пазарчето.

– Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштитата на граѓаните од коронавирус. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории – порачуваат од Општина Карпош.