Во Зоолошката во Скопје пристигна диносаурус

430

Скопската зоолошка градина на својата фејсбук страница го објави пристигнувањето на првиот од трите диносауруси-скулптури на уметникот Андреј Миневски.

Оттаму информираат дека оваа метална скулптура на овие одамна изумрени животни е изработена од рециклиран отпад, односно од железо.

– Андреј се приклучи во кампањата „Креирај и донирај“, а неговите уметнички дела посетителите ќе може да ги видат до јуни. Голема благодарност до господинот Миневски и до ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои ги пренесуваат диносаурусите и несебично секогаш ѝ помагаат на Зоолошката градина во Скопје – објавија од Зоолошката на својата официјална страница. С.К.