Во градинката „Кочо Рацин“ сега има простор и за бебињата

119

По цели четири години, општината Центар го надмина проблемот со згрижување на најмалата група во градинката „Кочо Рацин“. Најпосле ќе има простор и за бебињата, а во овој објект, наречен „Багремар“, веќе беа отворени просториите за јасли, во кои ќе бидат сместени овие дечиња.

– Општината Центар направи реконструкција на паркетот, беа поставени нови плочки и врати, нова инсталација на парното греење. Занималните на површина од 124 квадратни метри се адаптирани за потребите на децата, за нивен престој и за слободните активности.

Со свечена приредба дечињата им посакаа добредојде на најмалите во градинката – информираат од Центар.