Во Аеродром собрани се 50 кубни метри кабаст отпад

1125

Акцијата што изминативе денови се реализира во општината Аеродром заврши, а собрани беа 50 кубни метри кабаст отпад на целата територија. Оние што ја испуштија оваа акција и во иднина за одредена сума пари имаат можност да се ослободат од непотребните предмети во домовите, а за сите детали околу тоа можат да се информираат на дежурниот телефон 0800 222 33 во ЈП „Комунална хигиена.

Собирањето стара покуќнина, мебел, електрични апарати и друга техника се реализира во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Со оваа акција граѓаните добија можност без никаков надомест да се ослободат од сето она што повеќе не им е потребно во домовите и што нема да го користат. С.Р