Во Аеродром се чистат диви депонии

89

Општина Аеродром, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, реализира голема акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ општината. Исчистени се депониите во непосредна близина на амбулантата во населбата Лисиче како и на просторот меѓу Лисиче и реонскиот центар Аеродром.

– Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот канал, како и на дивите депонии во Долно Лисиче – информираа вчера од општината Аеродром.

Надлежните ги охрабруваат граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации да пријават на телефонскиот број ‎075-316-515. Инаку, комуналните инспектори на општината Аеродром работат во две смени и викенди.