„Водовод и канализација“ наплаќа долгови на рати без камата

76

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје за граѓаните што имаат заостанати и неплатени сметки за вода, повторно реализира акцијата за наплата на долговите на рати без камата. Акцијата е со определен временски рок и почнува од денеска и трае заклучно до 31.7.2020. Од претпријатието ги повикуваат сите корисници што имаат заостанат долг, во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

– Имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи, кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП „Водовод и канализација“ при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата, задолжително носење маски, одржување растојание од два метри и дезинфекција на рацете -порачуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Оттаму им советуваат на граѓаните за секоја дополнителна информација да контактираат со претпријатието на телефонските броеви на дежурно-информативниот центар и на дирекцијата – 02 3073 010 и 02 3240 300. За граѓаните се достапни и е-адресите [email protected], потоа www.vodovod-skopje.­com.mk и www.­facebook.­com/jpvodovod.skopje.