„Водовод и канализација“ го затвори наплатниот пункт во Сарај

537
Фото: Игор Бансколиев

Наплатниот пункт на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во општината Сарај, кој беше лоциран спроти основното училиште, повеќе не е во функција. Кога и каде ќе биде отворен нов, ќе кажат дополнително. Од претпријатието информираа дека од вчера тој е затворен и граѓаните од овој дел на Скопје сега ќе мораат да патуваат до дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“, каде што ќе можат да се обратат за сите услуги.

– Корисниците ќе можат да ги извршуваат сите услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на наплатните места во дирекцијата на претпријатието oд 7.30 до 19 часот секој работен ден – информираат оттаму.

Од претпријатието напоменуваат дека за новата локација на пунктот за наплата во општината Сарај дополнително ќе ги известат граѓаните со соопштение во медиумите.