Водата во Скопје е квалитетна и безбедна, покажуваат испитувањата на „Водовод“

150
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Скопјани пијат квалитетна вода покажуваат добиените резултати од испитувањата на ЈП „Водовод и канализација“, објавени во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење со цел подобра информираност на граѓаните на главниот град.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.

Анализите на водата се спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој всушност е прва лабораторија во Македонија која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Резултатите се добиени со физичко-хемиска и микробиолошка анализа на 899 примероци на вода за пиење земени од страна на Секторот за санитарна контрола од 56 мерни места во град Скопје, во периодот од 29 јуни до 3 јули.

Скопје се очекува да ја добие пречистителната станица во вредност од 136 милиони евра до 2025 година, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар, откако неодамна почна постапката за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје од страна на „Водовод и канализација“