„Бубамарите“ и „срничките“ се вклучија во Европската недела

198

И најмалите жители од општината Аеродром што ги посетуваат градинките „Бубамара“ и „Срничка“ се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност.
„Комбинирај и движи се!“ порачаа „бубамарите“ и „срничките“, учествувајќи во разни активности. Под ова мото децата од клоновите „Сонце“ и „Лале“ возеа велосипеди и тротинети, цртаа и учествуваа во разни едукативни активности, а настанот се одржа во паркот „Јане Сандански“.

– Општината Аеродром оваа година ја одбележа Европската недела на мобилност заедно со децата од градинките „Бубамара“ и „Срничка“. Настанот беше посветен на зголемување на јавната свест за заштита на животната средина, придонесот и одговорноста на секој од нас при изборот на превозно средство – велат од Аеродром.