Блесна новогодишната елка и започна „Винтерленд 2020“

1034

Куќичките од зимската населба се поставени, а блесна и новогодишна елка на градскиот плоштад. Со тоа и официјално започна и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“.

„Винтерленд“ е сместен на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот. Новогодишната магија и забава за скопјани почнува, а програмата ќе трае 25 дена, од денеска па до 31 декември, до пречекот на Нова година. Во близината на куќичките на „Винтерленд“ има мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани, кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани. Без разлика на возраста таму скопјани ќе можат да се освежат или стоплат со некој пијалак.

Исто така на малата сцена на плоштадот секојдневно ќе има настани наменети за забава на сите посетители. На овој простор се предвидени и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма што ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, која ќе почнува точно напладне.