Без струја утре дел од Аеродром и село Радуша

514

Без снабдување со електрична енергија утре од 08:30 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од ул. Фрањо Клуз бр. 4 во општина Аеродром, а од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од село Радуша како и Пумпената Станица во ова село во општина Сарај. Како што соопшти РЦУК Скопје по известување добиено добиено од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во снабдувањето е поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.