Без струја утре делови од Центар, Студеничани и Кисела Вода

59

Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат делови од општините Центар, Студеничани и Кисела Вода, соопштуваат од ЕВН Македонија АД Скопје.

Во периодот од 9 до 11 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улицата „Козара“ во општина Центар, а од 9 до 15 часот, корисниците од улиците 4, 6 и 7 во селото Батинци во општина Студеничани. Без струја од 9 до 16 часот ќе останат и дел од жителите од улицата „Христо Татарчев“, подулица 14 во општина Кисела Вода.