Без струја утре делови од Скопје и Скопско

192

Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе бидат делови од општина Студеничани, Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров.

Од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Кресна непарни броеви (9а-19а), ул. Илија Димовски Гоче бр. 11б и 13а/б,  од 09:00 до 15:00 часот корисниците од детска градинка „13-ти Ноември“, дел од ул. Елисие Поповски Марко, детски дом „11-ти Октомври“, дел од ул. Козара, од 09:30 до 13:30 часот корисниците од дел улиците од Пролетерска, дел од Корушка како и дел од Франце Прешерн, во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од село Волково под ул. 102, ул. 35, ул. 37 и околните под улици, од 11:00 до 12:30 часот корисниците од поголем дел од с. Волково кај игралиште, амбуланта и сред село и од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Страшо Пинџур бр. 4, 6, 8, 10, 12, бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 4, 6 и 8, кафана „Лезет“, перална „М“, кафана „Кај Злате“ како и хотел АМИГО.