Без струја утре делови од општините Кисела Вода и Сопиште

132

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сопиште.

Како што информираат од РЦУК, во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Невроколска“ и ул. „Ениџе Вардарско“ во Општина Кисела Вода, а во период од 10:00 до 11:30 часот корисниците од ул.„1513“ во истата Општина Кисела Вода.

Во период од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од населба Драчево, ул. „14-та Бригада“ во Општина Кисела Вода, а во период од 13:30 до 15:30 часот корисниците од село Горно Соње ул. „10“ во Општина Сопиште.