Без струја утре делови од неколку скопски општини

737

Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без струја ќе останат делови од неколку скопски општини.

Од 8:20 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Македонско-косовска бригада“ и дел од „Втора македонска бригада“ во Чаир, од 9:00 до 11:00 корисниците на „Антон Попов“, згради бр. 148 и бр.161 во Гази Баба, од 9:00 до 13:00 часот сите стопански и нестопански објекти во рамки на поранешната Стакларница Скопје, општина Кисела Вода, од 9:00 до 15:00 корисниците од „Волгоградска“ 1, 2, 3 и 4, општина Карпош, од 12:00 до 15:00 корисниците од „Чаирска“, „Виргино“ и „7-ма Албанска бригада“ во Чаир.