Без струја повеќе делови во Скопско, без вода корисници од Кисела Вода

173

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Илинден и Сарај. 
    
Од 10:00 до 11:30 часот,  без електрична енергија ќе останат корисниците  од селата Кадино, Марино и  месноста – Бела Земја во Општина Илинден, од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од  ул. 12 во село Горно Соње во Општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот корисниците од  дел од село Рашче и  од 09:00  до 13:00 часот корисниците од дел од село Бојане во Општина Сарај. 

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре поради  изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 125мм, на ул. Пушкинова бб, без  водоснабдување од  09:00 часот до завршување на интервенцијата,  ќе останат корисниците од истата улица во населба Кисела Вода.