Без струја делови на Скопје и околината

130

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат повеќе населени места во неколку скопски општини, соопшти РЦУК – Скопје, по добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Мирковци (Општина Чучер – Сандево), од 12:00 до 14:00 часот корисниците од пазарот во Чаир спроти стадионот (Општина Чаир). Од 10:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Будимпештанска околу бр. 20 (Општина Карпош), од 09:00 до 10:00 часот корисниците од дел од с. Горно Соње, а од 11:00 до 13:30 часот цело Горно Соње во Општина Сопиште, додека во периодот од 09:45 до 14:30 часот корисниците од селата Рашче, Бојане, Копаница и каптажата Рашче во Општина Сарај.

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без електрично напојување ќе останата корисниците од дел од ул. „Димитар Пандилов“ т.е. парните броеви од бр. 6 до бр. 20 и непарните броеви од бр. 3 до бр. 19 и корисниците од ул. „Питу Гули“ т.е. непарните броеви од бр. 49 до бр. 55 во Општина Центар и во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од делови од улиците „Дрварска“ и „Атанас Бабата“, Музејот на Македонија, Покриена чаршија, Куршумли ан и ул. „Самарџиска“ во Општина Чаир.

Во општина Студеничани, во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците со бр. 4, 6 и 7 во с. Батинци, во Општина Ѓорче Петров од 09:30 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Депа Кајова“, „Браќа Чакрови“, ул. „Ѓорче Петров“ и ул. „Никола Пускаров“, а од 12:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Киро Фетак“ во нас. Драчево во Општината Кисела Вода.