Без вода улицата „Прашка“ во Карпош

1073

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Прашка“ бб во Општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на водоводен приклучок  со пречник 100 милиметри на улицата „Прашка“.

Прекинот ќе биде се до санирање на дефектот.