Без вода дел од корисниците на булеварот „Видое Смилевски Бато“

37

Поради замена на затворач ф-80мм и дефект на приклучна цевка ф-80 мм на бул. „Видое Смилевски Бато“ број „85“ со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците на дел од булеварот – од број 11 до број 87 (непарни броеви).

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување добиено од ЈП Водовод, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:15 часот до завршување на работите.