Без вода делови на Чаир и Центар

258

Без вода денеска од 9.00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од Т.Ц. „Мавровка“, во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на шибер од Ф-100 мм на булевар „Гоце Делчев“ кај Т.Ц. Мавровка.

Поради уличен дефект ф-80. денеска од 08:30 часот до санирање на дефектот ќе бидат и корисниците од улуца „Васил Ѓоргов“ бр.4 и бр. 6 и објектите на Ж.А.С. и улица „Народен Фронт“ бр 3.и 4., информираат од ЈП „Водовод и канализација“.