Атинскиот градоначалник во возвратна посета на Скопје

821

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во четврток и петок ќе го посети Скопје, при што се очекува со скопскиот градоначалник Петре Шилегов да потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни града.

Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.