Акција за чистење на Клиничкиот центар

257

Акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје денеска спроведе Градот Скопје во координација со јавните градски претпријатија.

Во рамките на акцијата, како што информираат од Град Скопје, биле чистени пешачките патеки, улиците и паркинзите, шахтите, сливниците и канализациската мрежа во рамки на комплексот и биле кастрени гранките на дрвјата и зеленилото.

Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните совесно да ја одржуваат и се грижат за хигиената во градот, како и да се вклучат во сите активности што ќе придонесат за почисто Скопје.