АД МЕР: Изведувачите да преземат мерки против работникот што им се закануваше на активистите

502

Акционерското друштво за вршење енергетски дејности МЕР Скопје во државна сопственост, од изведувачите на градежните работи на Водно побара да преземат соодветни мерки против вработениот за неговото несоодветно однесување кон претставници на граѓанските здруженија.

– Потенцираме дека МЕР АД Скопје, постојано ги следи реакциите на граѓаните и ги презема сите мерки, со цел да не се повторат вакви или слични инциденти при реализација на проектот за гасификација на Република Македонија – се вели во соопштението.

Од компанијата најавуваат дека остануваат отворени за дебата со граѓанските здруженија и со сите засегнати страни, со цел заеднички да се најде соодветно решение кое ќе биде во интерес на сите, а кое нема да ја одложи реализацијата на проектот за гасификација на земјата – проект кој е еколошки и кој ќе има сериозен позитивен ефект за животната средина.